За Нас

„Унавита“ е компанија со седиште во ЕУ за истражување и развој, фокусирана на истражување и развој на нови медицински суплементи. Нашите научници и истражувачи се искусни фармацевтски експерти, познати како пронаоѓачи на извонредни активни фармацевтски и хранливи состојки, писатели на научни трудови и универзитетски предавачи. Имаме на располагање добро опремени, високо софистицирани и сертифицирани лаборатории и производствени капацитети за финализирање на нашите производи во согласност со највисоките стандарди. Нашите производи не се "само уште еден додаток во исхраната", туку уникатни, софистицирани, високо ефикасни и патентирани производи, што не можете да ги најдете на друго место.
Најдобар начин да се убедите во нашите тврдења е да ги испробате нашите производи.
Со цел да се достигне врвот на пазарот, UNAVITA е отворена кон партнерства.

НАШАТА МИСИЈА

Нашите истражувања, развојот и нашите напредни фармацевтски и нутритивни производи се насочени кон подобрување на животот.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Интегритет: Чесно водење на нашиот бизнис во рамките на применливите закони.

Совршеност: Насоченост кон иновативни и високо квалитетни производи.

Почит кон луѓето и околината: Да се почитуваат луѓето и да се одржува околината.

Преку нашите производи имаме амбиции и се стремиме да предизвикаме дискусија и внимание на јавноста кон природните форми на заштита на човековото здравје.

НАШАТА ВИЗИЈА

Постепено градење значајно присуство на широкиот пазар - со изберено портфолио од производи, обезбедувајќи чувство на надеж кај луѓето кои страдаат од исцрпувачки болести.